ЧЕТВРТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН ВО СКОПЈЕ ЗА ШКОЛИТЕ, АДМИНИСТРАЦИЈАТА… Овој ден нема да се одработува

797

Сите вработени во државната и во јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29 ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12 часот, а на 30 ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и во јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Овој ден нема да се одработува.

Оваа одлука се однесува и на основните и на средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа не се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на градот Скопје.






-Тие треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите. Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците – се наведува во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

На приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош  и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ исто така им се препорачува да ги спроведат заклучоците.

Ваквата одлука на Владата е донесена поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.

Поврзани содржини