ПЕТТО ТРАНСПЛАНТИРАНО СРЦЕ ЗА ГОДИНА ИПОЛ Филипче потврди, пациентот од денеска е пуштен дома
„Ова е петто трансплантирано срце за година и половина и четврто од почетокот на годината. За истиот период се трансплантирани 15 бубрези, а направена е и првата експлантација и трансплантација на коскени ткива“, напиша Филипче.
Пациентот на кој минатата среда му беше трансплантирано срце од денеска е пуштен на домашно лекување. Само седум дена по операцијата тој се чувствува одлично, објави вечерва на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој уште еднаш изразува голема благодарност до семејството кое прифати да се донираат органите од нивниот близок.