ЧЕТВРТО МЕСТО ЗА МОТОЦИКЛИСТОТ ИВЧЕСКИ Возеше во класата до 1.000 кубни сантиметри

На денешната трка што се возеше во рамките на Европскиот шампионат, во категорија на мотоциклисти до 1.000 кубни сантиметри.

194

Еден од нашите најпознати мотоциклисти Слободан Ивчески го освои четвртото место во класа до 1.000 кубни сантиметри на Европскиот шампионат што се возеше денеска на патеката во центарот на Националната возачка академија (НАВАК) во Србија, во конкуренција на 23 возачи.

– На денешната трка што се возеше во рамките на Европскиот шампионат, во категорија на мотоциклисти до 1.000 кубни сантиметри, од 23 возачи, го освоив високото четврто место, иако трката ја започнав од десетата позиција. Со офанзивно и прецизно возење и повеќе престигнувања во директна борба со конкурентите, успеав да поминам шестмина мотоциклисти кои располагаа и со подобри машини од мојата и на крајот да завршам како четврти, што е одлично остварување за мене и за мојата земја. Се надевам дека и на наредните трки, во рамките на овој Шампионат, ќе оставрувам добри пласмани и ќе го потврдувам својот возачки квалитет – изјави Ивчески.






Toj e  член на Мото клубот „МК Сакамото“, кој во оваа календарска година одбележува 20 години од своето постоење.

 

Поврзани содржини