ЧЕТВРТИОТ ГРОФ ОД СЕНДВИЧ, ИЗУМИТЕЛ НА СЕНДВИЧОТ Како англиските сендвичи од партија покер стасаа до партиските ботови?

Денеска е светски ден на сендвичот, но малкумина знаат дека тој настанал за време на партија покер, кога англискиот лорд Џон Монтагју огладнел, а не сакал да ја прекинува партијата па побарал да му стават парче месо меѓу две парчиња леб. Се прашуваме, како тој од масата за покер стаса кај нас стана и стана синоним за партиските ботови?

389

Сендвичите се едно од оние јадења што можеме да ги јадеме во секое време од денот. Ги јадеме за појадок, ужина, ручек и за вечера, а можеме да ги подготвиме на 100 различни начини. Од наједноставниот сендвич составен од парче леб, шунка и сирење, преку топли и тост сендвичи до малку покомплицирани варијанти, солени и слатки – само небото ни е граница кога се во прашање сендвичите.

Но, дали знаете како и кога всушност настанал сендвичот?






Приказната вели дека сендвичот го добил името по англискиот лорд Џон Монтагју, четвртиот гроф од Сендвич, кој огладнел за време на една партија покер.

Бидејќи не сакал да ја прекинува играта, за да може да јаде и да ги држи картите, тој побарал од својот собар (или му бил готвач) да стави парче месо (според едни, мисиркино, а според некои други извори – говедско) помеѓу две парчиња леб. Останатите играчи, гладни како Џон, набргу почнале да нарачуваат: „И јас би го сакал истото што и Сендвич“. Така, по половина час, во просторијата во која се играле карти бил донесен првиот подавалник со сендвичи во светот.

Тој историски момент – денот кога сендвичот го добил своето име – се случил во 1765 година, кога Џон имал 47 години.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини