📷 ЧЕТВОРКАТА Е ИЗБРАНА Овие актери ќе ги играат членовите на легендарните „Битлси“, oд новиот млад заводник, до актерот кој сака да шокира со своите улоги
Актерската екипа за четирите претстојни биографски филмови за „Битлси“ е официјално објавена. Харис Дикинсон ќе го игра Џон Ленон, Пол Мескал ќе го игра Пол Макартни, Бери Кеоган ќе го игра Ринго Стар, а Џозеф Квин ќе го игра Џорџ Харисон.
Актерската екипа за четирите претстојни биографски филмови за „Битлси“ е официјално објавена. Харис Дикинсон ќе го игра Џон Ленон, Пол Мескал ќе го игра Пол Макартни, Бери Кеоган ќе го игра Ринго Стар, а Џозеф Квин ќе го игра Џорџ Харисон.
Режисерот Сем Мендес излегол на сцената во „CinemaCon“ во Лас Вегас за да ја открие актерската екипа на играните филмови на Битлси и рекол дека сите четири биографски филмови се поставени за прикажување во кината во април 2028 година. Изненадувачките планови за снимање на четири филма – по еден за секој член на познатиот бенд – првпат беа објавени минатата година.
„Не снимаме само еден филм, правиме четири. Можеби ова е можност да ги разбереме малку подобро“, рекол Мендес.
Секој од четирите филмови ќе се фокусира на еден од членовите на Битлси.
Откако излегле на сцената, сите четворица актери рецитирале стихови од „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“ на бендот, а потоа имале и синхронизирано поклонување во стилот на „Битлси“.
View this post on Instagram
Веста за четирите биографски филмови ја затворила презентацијата на „Сони“, која публиката ја оставила вчудоневидена со информацијата за датумот на објавување, а потоа, сè разбира, со изненадувачките посети од четирите ѕвезди.
Тој ги нарече и најважниот бенд на сите времиња.
„Со години се обидував да снимам филм за Битлси, но на крајот се откажав. Приказната беше преголема за еден филм, а јас не сакав да снимам серија. Мора да има начин да се раскаже епска приказна за новата генерација“, рекол Мендес и додаде дека има уште многу да се истражува за нив.
Овој проект го има благословот на Мекартни и Стар и семејствата на Џон Ленон и Џорџ Харисон, а тоа е првпат тие да имаат дозвола и од „Епл корпс“, компанијата која управува со „Битлси“.
Мендес исто така е режисер и добитник на Оскар, а некои од неговите најпознати филмови се „Скајфол“ за Џејмс Бонд, „Американска убавина“ и „1917“.
Битлси се формирани во 1960 година, а се распаднаа во 1970 година. Тие го сменија текот на музичката историја со нивните хитови, а за нив се снимени и бројни документарни филмови.
Битлси се најпродаваниот музички феномен на сите времиња, според „RIAA“, а „Sony“ се надева дека ќе профитира од таа посветена база на обожаватели со единствена стратегија за издавање. „CinemaCon“ е годишен настан за изложувачи и холивудски студија што оваа година трае од 31 март до 3 април.