Четворица здравствени и двајца просветни работници од Тиквешко позитивни на коронавирус

363

Четворица здравствени и двајца просветни работници од Тиквешко се позитивни на коронавирус, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Од четворицата здравствени работници тројца се од Кавадарци и еден од Неготино. Просветните лица се кавадарчани кои држеле онлајн настава. Центарот бележи и едно починато лице од Кавадарци на возраст од 79 години.






На ниво на Тиквешки регион, евидентирани се нови 59 лица со ковид-19. Од нив, 41 се од Кавадарци, еден од Росоман, 15 од Неготино и двајца од Демир Капија. Сите се на возраст од 12 до 70 години.

Поврзани содржини