Четворица вработени во антикорупциската комисија се позитивни на корона вирус, јавува Телма. Според информациите на телевизијата станува збор за луѓе од Секретаријатот на комисијата, а кај една од нив првиот позитивен тест бил пристигнат пред три дена.
По ова се тестирале и дел од колегите па се добиени останатите три позитивни тестови. Информацијата ја потврдила и претседателката на комисијата Билјана Ивановска.
Таа вели дека ги почитувале сите протокли, во моментов се работи епидемиолошка анализа на контактите.
Таа бара сите вработени да бидат тестирани бидејќи од следната недела започнува предизборната кампања а улогата на комисијата е битна во набљудување на изборите.