ЧЕТВОРИЦА ПРИВЕДЕНИ ВО ТЕТОВСКО Пронајден е кокаин во нивните возила

17

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 20 часот и 50 минути, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Џ.(29) и М.Б.(20) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило „фолксфаген туран” со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, бил пронајден кокаин.

Во истото време во Горно Седларце, како што посочуваат од МВР, лишени од слобода се и А.М.(41) од ова село и А.М.(29) од тетовско Боговиње.






При нивен и преглед на нивното возило „бмв” со тетовски ознаки, исто така, бил пронајден кокаин. Четворицата се задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Поврзани содржини