ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА ТАРАВАРИ НЕМА ДА ЈА НАПУШТАТ ВЛАДАТА? Во опозиција ќе замине само еден пратеник од Алијанса за Албанците

Секој пратеник кој мисли дека треба да се вратиме на вредностите на семејството, да ни дадат можност овие четири години да се обидеме да ги повратиме вредностите и да бидеме на браникот да не ни ги избркаат младите кои веќе 25 години живеат надвор од земјава и таму создаваат семејства, рече министерот за социјална политика Фатмир Лимани.

1,528

Четири од петте пратеници на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари нема да преминат во опозиција. Тие би останале со владејачкото мнозинство, смета министерот за социјална политика и член на Вреди, Фатмир Лимани, кој вели дека легитимитетот на коалицијата чиј е дел, лежи на принципите дека изборниот процес е демократски.

– Не знам дали со овие механизми, можат да се повикуваат на легитимитет. Начелно, грешка се ако мислат дека дел од пратениците на Алијанса за Албанците би преминале во редовите на Европскиот фронт бидејќи дел од нив ќе останат со Владата. Најмалку четири пратеници од нивните редови ќе преминат во делот на владејачкото мнозинство. Секој пратеник кој мисли дека треба да се вратиме на вредностите на семејството, да ни дадат можност овие четири години да се обидеме да ги повратиме вредностите и да бидеме на браникот да не ни ги избркаат младите кои веќе 25 години живеат надвор од земјава и таму создаваат семејства – рече денеска Лимани на прес-конференцијата со турскиот амбасадор Фатих Улусој.

Поврзани содржини