Четири лица починаа, а 78 се новозаболени, соопшти Министерството за здравство по направени 860 тестирања во последните 24 часа. Регистрираните нови случаи на ковид-19 се во: Скопје – 28, Куманово – 5, Дебар – 4, Прилеп – 8, Тетово – 4, Битола – 1, Охрид – 1, Кавадарци – 2, Гостивар – 8, Радовиш – 1, Кочани – 2, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 1, Берово – 4, Делчево – 3, Кичево – 3, Неготино – 2.
Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73-годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-13, Прилеп-1, Велес-2, Гостивар-9, Кочани-2, Македонски Брод-3, Свети Николе-1, Кичево-9.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.673, бројката на оздравени пациенти е 10.150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.995. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 5.697, активни 876
Куманово 1.379, активни 340
Дебар 241, активни 77
Штип 1.108, активни 258
Прилеп 399, активни 63
Тетово 1.188, активни 172
Струга 545, активни 140
Велес 259, активни 33
Битола 196, активни 55
Охрид 325, активни 59
Кавадарци 170, активни 101
Гостивар 740, активни 312
Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
Струмица 57, активни 22
Крива Паланка 37, активни 12
Радовиш 40, активни 11
Крушево 16, активни 0
Кочани 134, активни 30
Пробиштип 76, активни 21
Демир Хисар 60, активни 27
Македонски Брод 69, активни 36
Пехчево 10, активни 4
Берово 39, активни 30
Валандово 7, активни 0
Виница 63, активни 41
Делчево 34, активни 29 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 16, активни 2
Свети Николе 275, активни 65
Кичево 263, активни 100
Ресен 146, активни 1
Неготино 42, активни 14 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 860 теста се преку: ИЈЗ – 422, ЦЈЗ Скопје – 11, Авицена – 0, Биотек – 0, МАНУ – 0, Клиника „Жан Митрев“ – 182, Систина со PCR метода – 137, лабораторија Лаор – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 92, Инфективна клиника – 7, ГАК – 9, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 позитивни, три мајка и три деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 63 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 103, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 114
Гази Баба – 109
Аеродром – 105
Карпош – 93
Центар – 85
Кисела Вода – 93
Ѓорче Петров – 67
Бутел – 68
Шуто Оризари – 39
Студеничани – 18
Сарај – 21
Арачиново – 18
Илинден – 13
Сопиште – 8
Чучер Сандево – 7
Петровец – 8
Зелениково – 4
Странец – 4
Нераспределен – 2