ЧЕТВОРИЦА ПАЦИЕНТИ СЕ ВРАЌААТ ОД ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО Вкупно 60 лица се лекуваат надвор од Македонија
Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, велат од Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент).
„Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти“, велат од Министерството.
Оттаму соопштуваат дека во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски”, двајца пациенти во приватната болница Систина и еден пациент на Клиниката за пулмологија.
„Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација“, се додава во написот.