Министерство за здравство: Четворица починаа, 29 се ново заразени од коронавирусот, а 69 оздравеле

1,126

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 нови случаи на ковид-19 со што, вкупната бројка на дијагностицирани е 1.494, починале 4 лица, а оздравени се 69  во: Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10, Гевгелија -1.






Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. Од нив 4 пациенти се на респираторна машина и уште 3 со потешка клиничка слика“, информира Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 44 позитивни и суспектни на ковид-19.

Поврзани содржини