Четворица пациенти на Инфективна клиника се критични, се чекаат резултати за тестови од маж и жена кои починале вчера

Филипче рече дека пациентот кој почина во неделата на 31-годишна возраст, во анамнезата на Инфективна клиника не укажал дека има претходни заболивања, но кај специјалисти кај кои бил на преглед, рекол дека има претходни здравствен проблеми.

636

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна синоќа по полноќ двајца мажи починале од ковид 19. Едниот е од Куманово, на возраст од 45 години, на кого откако синоќа му се влошила состојбата во болницата „8 Септември“, бил префрлен на Инфектина клиника, но реанимацијата не успеала. Тој имал и други коморбидитети – дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност. Епидемиолоки се поврзува со член на семејство кој патувал во Франција.

Вториот починат е од Дебар на возраст од 78 години, кој имал хронично опструктивен бронхит и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања. Тој се лекувал на Инфективна клиника  од 27 март.

Министерот за здравство информираше дека во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово- 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола- 3, Струга – 2, Штип-1, Прилеп – 1.

– Во моментот на Клиниката за инфективни болести има 54 пациенти со корона вирус , од кои четворица се критични, а 20 имаат потреба од кислородна поддршка. Досега се напрвени 3.518 тестови за ковид 19 – рече Филипче.

Тој информираше дека Заводот за рехабилитација во Козле веќе не прима пациенти, а двајца од таму заразените се префрлени на Клиниката за инфективни болести.

– Ги чекаме резултатите на 16 пациенти кои се тестирани и дефинитивно нема да има работна активност. Пациентите да се обратат во ГОБ „8-ми Септември“ – истакна Филипче.

Тој информираше дека од двајцата починати вчера, маж од Битола и жена од Лабуништа, кои вчера починаа и посмртно им се земени тестови за ковид 19, резултатите не се готови.

Филипче рече дека пациентот кој почина во неделата на 31-годишна возраст, в анамнезата на Инфективна клиника не укажал дека има претходни заболивања, но кај специјалисти кај кои бил на преглед, рекол дека има претходни здравствен проблеми.

 

Поврзани содржини