Четворица нови заразени, кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

1,277

Четири нови лица од Дебарско се позитивни на коронавирусот, потврди денеска министерот за здравсто Венко Филипче. Во Дебар и во Центар Жупа ќе биде прогласена кризна состојба.

– Се влошува состојбата на првата пациентка од Дебар. Таа е на граница да биде ставена на апарат за дишење – рече Филипче.






Тестирани се нови 24 лица од Дебарско, од нив 10 имале симптоми, а 4 се позитивни и ќе бидат хоспитализирани.

Од првата изолирана група од 21 лица кои беа сопатници на првата заболена пациентка досега никој нема симптоми.

– Има сомнителен уште еден пациент кој е стигнат преку скопскиот аеродром од Германија и кој имал лесна покачена температура. Тој е изолиран како и патниците кои биле околу него – рече Филипче.

За пациентката кај која има влошување на состојбата и е на граница да биде поставена на респиратор, тој рече:

– Специјалистите се надеваат дека со дополнителната терапија таа ќе го надмине овој период, но подготвени се и доколку има влошување, согласно параметрите, да биде поставена на машина за дишењ –  рече Филипче.

Вчера со соопштение информирале за тестираните лица за кои беше поставена индикација попладнето и сите се негативни.

– Пристигнаа за тестирање материјали од Центарот за јавно здравје од Дебар за уште 10 лица во врска со втората група хоспитализирани пациенти, вкупно 24, сите во домашна изолација. Од нив 10 покажале знаци за горнореспираторно заболување. Епидемиологот ги земал брисевите и пратени се на испитување – четири се позитивни, тоа значи уште четири нови пациенти, кои ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести -додаде министерот..

Сите четворица се со лесна клиничка слика.

– Тоа беше причина зошто со членовите на Комисијата за заразни болести утрово разговаравме. Информациите ги изложивме и пред Републичкиот комитет во Центарот за управување со кризи и тоа беше причина зошто Управувачкиот комитет предложи да се воведе кризна состојба на овој дел во општините Дебар и Центар Жупа и потоа на истата седница се донесе одлука да се ограничи движењето на луѓето кои живеат во овие општини – истакна Филипче.

Согласно Законот, во следните 24 часа ние веќе е закажана седницата на Комисијата за заразни болести и на Управувачкиот комитет, за да се разработи оперативниот план.

За мерките кои ќе се донесат попладнево на прес конференција или со соопштение јавноста ќе биде  информирана .

Поврзани содржини