ЧЕТИРИТЕ ЗЛАТНИ МАСКИ ОД ТРЕБЕНИШТЕ КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СРЕТНАТ Во Софија ќе се одржи ексклузивна изложба
Две од златните маски, кои оригинално биле ископани во Требениште денес се чуваат во Белград, една во Софија и една во Охрид.
Златната маска од охридско Требениште ќе се сретне со другите маски пронајдени во ова охридско село, а кои на почетокот на 20 век биле однесени и денес се чуваат во Софија и во Белград. На изложба под името „105 години од Требениште“, во Софија, бугарската јавност ќе може да ги види ексклузивните експонати од оваа древна македонска некрпола.
Тие ќе бидат изложени во Националниот археолошки институт со Музеј при Бугарската академија на науките во Софија.
Две од златните маски, кои оригинално биле ископани во Требениште денес се чуваат во Белград, една во Софија и една во Охрид.
Покрај уникатноста на наодите, оваа поставка е уникатна и по тоа што на овој локалитет работеле археолози од трите земји каде што преку своите институции го афирмираат културното наследство од требенишкиот локалитет.
Наодите во требениште за првпат биле откриени во 1918 година. Во 2019 година изложбата во Скопје која тогаш го носеше името „100 години Требениште“ беше отворена 6 месеци. Министерството за култура објави дека тогаш имало огромен интерес, а дека сега приказната на маските се заокружува со соработката на музеите од регионот.
„Со оваа изложба продолжува соработката помеѓу трите земји за заокружување на ексклузивната приказна за Требениште кое е прв и можеби единствен пример на локалитет што е истражуван од три земји, промовиран преку три музеи, од Скопје, Белград и Софија“, се вели во соопштението на Министерството за култура.