Четириножен робот ќе ги искачува стрмните карпи на Марс! (ВИДЕО)
СпејсБок е толку флексибилен, што да беше сега таму наместо стандардните ровери од НАСА, ќе можеше да се искачи на повисоките ридови и во познатите марсовски пештери.
Инженери од Швајцарија и Германија изградија мал четириножен робот кој требало да скока по површината на Месечината, слично како Нил Армстронг пред повеќе од половина век. Но, набрзо тие почнале да го надградуваат за тој да може да ја издржи јаката гравитација на Марс наместо досегашните ровери на НАСА, пренесува Футуризам.
СпејБок е крстен по име на антилопа која живее во западна Африка и неговите зглобови ќе се соочат со „предаторскиот“ терен на Марс. Машината е толку флексибилна, што да беше сега таму наместо стандардните ровери од НАСА, ќе можеше да се искачи на повисоките ридови и во познатите марсовски пештери.
Погледнете го СпејсБок:
Со рамни стапала до врвот
Песочните карпи на Марс се предизвик дури и за ваков четириножен робот. Затоа научниците направиле тој да користи различен од од човечкиот и да има поинакви стапала.
На пример, СпејсБок може да оди со три стапала истовремено, да оди со рамни стапала, со стапала кои се вртат – се само да го совлада марсовскиот терен кој не простува. Одејќи со рамни стапала тој совлада стрмнина од 25 степени и тоа со рамни стапала.
Сепак, рамните стапала знаат да ја цицаат неговата батерија и затоа веќе се размислува тие да бидат заменети со комбинација од рамни и зашилени стапала.
СпејсБок или можеби Бостон Дајнамикс?
СпејсБок по се изгледа го следи трендот кој го почнаа Бостон Дајнамикс со нивните човеколики зглобни роботи. Иако оваа америча фирма е основата во 1992, таа стана позната кога пред некоја година решија дека ќе ги продаваат своите роботи за комерцијални цели. На пример, за испорака на храна, употреба во армијата и слично.
Жолтиот робот Спот е веќе на пазарот. Неговите пријатели се БигДог(личи на куче), Атлас(практично робот-коњ) и Хендл(„рачка“).
Погледнете го ова видео кајшто тие заедно танцуваат на „Do you Love me“: