Четиринаесет кумановци го прекршиле карантинот, 12 приведени

267

На подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење во периодот од 21часот на 03.04. (петок) до 07 часот на 05.04. (недела), информира МВР.

Оттаму нагласуваат дека се преземени мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.






-Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 05 часот на 06.04.(понеделник).

МВР апелира до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, а непочитувањето ќе биде санкционирано согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини