Четирикратниот убиец кај Шибеник е пронајден мртов

Според полицијата, телото е пронајдено покрај автомобилот на убиецот.

1,869

Четирикратниот убиец од Шибеник е пронајден мртов, потврди хрватската полиција. Телото е пронајдено покрај неговиот автомобил.

– Лицето за кое се сомневаме дека го изврши четирикратно убиство е пронајдено мртово покрај својот автомобил – изјави портпаролот на шибеничката полиција Симе Павиќ за  ХРТ.






Полицијата и натаму не го соопштвуа името, а не потврдува ниту дека се работи за самоубиство како што информираат медиумите. Телото било пронајдено околу 19 часот.

Според неофицијалните информации, убиени се познат сопственик на трговски синџир, стечајна управничка и уште двајца мажи – нејзиниот сопруг и адвокат.

Хрватските медиуми информираат дека причина за убиството е нерасчистени бизнис реалции меѓу убиезот и убиениот бизнисмен.

Поврзани содржини