Четиригодишно момче за кратко време ги загубило родителите поради ковид-19 (ВИДЕО)
Мајката на детето, Марија, му соопштила на Рајден дека го загубил својот татко. А за да биде трагедијата уште поголема, Марија паднала во тешка депресија и набрзо потоа ги добила истите симптоми на коронавирусот. Починала по кратко време.
Рајден Гонзалес од Сан Антонио е 4-годишно момче кое останало без двајцата родители поради пандемијата со коронавирусот. Неговите мајка и татко починале во период од четири месеци.
Неговиот татко Адан, кој работел како возач на камион, во мај годинава дознал дека неговиот колега бил позитивен на ковид-19. Кон крајот на тој месец, Адан почувствувал симптоми, но сметал дека станува збор за алергија. Сепак, на 3 јуни бил откриено дека има корона. Веднаш бил пренесен во болница, но иако лекарите се обидувале да го спасат, тој починал кон крајот на јуни.
Мајката на детето, Марија, му соопштила на Рајден дека го загубил својот татко. А за да биде трагедијата уште поголема, Марија паднала во тешка депресија и набрзо потоа ги добила истите симптоми на коронавирусот. Починала по кратко време.
Грижата за детето ја преземала Меги Брајант, заедно со својата сестра, мајката на Марија, а баба на Рајден.
Рајден знае дека коронавирусот го земал животот на неговиот татко. Детето вели дека тој сега е ангел. Меѓутоа, има проблем да сфати дека истата болест ја земала и неговата мајка.