ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПОВРЕДЕНО ВО КИЧЕВО Ја удрило возило на улицата Прилепска
Повредите на девојчето биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Четиригодишно девојче е тешко повредено откако во него удрило возило на улицата Прилепска во Кичево.
Како што соопшти полицијата, на 13.12.2025 околу 12:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека патничко возило „тојота“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(68) од Кичево, удрило во четиригодишно дете од селото Арангел, Кичевско.
Повредите на девојчето биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево.