ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ И ЖЕНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА Службено возило на МВР удри во „опел корса“ кај Пониква

Полицијата ги истражува околностите кои довеле до судирот, а повеќе информации се очекуваат во наредните денови.

3,443

Денеска во 10:06 часот, на регионалниот пат Зрновци – Пониква, се случила сообраќајна незгода во која учествувале службено возило „дефендер“ сопственост на Министерството за внатрешни работи (МВР) и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот А.Б. од Скопје.

Во несреќата повредени се сопатниците од „опел корса“ – жена со иницијали Е.С.Б. и четиригодишно дете, и двајцата од Скопје. Повредите биле пријавени како телесни, но степенот на сериозност сè уште не е прецизиран.






„На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и екипа од полициската станица Кочани, во присуство на претставник од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од полицијата.

Полицијата ги истражува околностите кои довеле до судирот, а повеќе информации се очекуваат во наредните денови.

Поврзани содржини