Четирицикл удри во шестгодишно дете на велосипед

347

Во Куманово вчера четирицикл „јамаха“со бугарски регистраски таблички удрил во шестгодишно дете на велосипед по што детето се здобило со тешки телесни повреди.

– На крстосница од ул.„300“ и ул.„260“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу четирицикл „јамаха“, со бугарски национални ознаки, управуван од С.Ј.(46) од Куманово и велосипед управуван од шестгодишно дете од Куманово. По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово, соопшти МВР.

Поврзани содржини