Четири семејства останаа без своите домови во Прилеп: Пожарникарите дојдоа, ама ние изгоревме!

Речиси два часа над 10 пожарникари со неколку возила го гаснеа пожарот кој бил пријавен околу 10.30 часот.

421

Во голем пожар 11 жители останаа без своите домови. Денеска целосно изгореа четири социјални бараки во населбата Варош под Марковите кули. Пожарникарите и жителите во последен момент спасуваа човечки животи од огнот. Спасени се две неподвижни лица, а меѓу несреќните има и три деца од кои едно седумесечно бебе. Сите се во добра состојба, јави ТВ Сител.

– Излегов надвор, да ја мијам колата, видов чад, видов дека гори кај соседите, Третата барака, лепенка, гореше. Отидов, викнав во лепнката, бараката до нас, децата беа сами, ги извадовме децата. Се сетив кај соседите да го извлечат неподвижниот сосед, сам беше во просторија. И татко ми е неподвижен, и него требаше да го извлечат. Пожарната дојде веднаш, скршија, го извлекоа неподвижниот сосед, и татко ми беше извлечен, и гаснеа. Сето што беше до нив, направија, ама ние изгоревме – со вознемиреност раскажува Ангела Китаноска.






Тони Лоџев не бил дома за време на пожарот и е благодарен дека го спасиле татко му. Сега петчленото семејство е на улица и му треба помош.

– Не бев дома, додека дојдов ми кажаа дека го извлекле татко ми. Сето е уништено. Ние пет члена останавме на учлица. тешко е. Ни треба помош. Сега сме без ништо – вели Лоџев.

Речиси два часа над 10 пожарникари со неколку возила го гаснеа пожарот кој бил пријавен околу 10.30 часот.

Поврзани содржини