ЧЕТИРИ РАКЕТИ ВРЗ ЛАВОВ Чернихив може да стане новиот Мариупол (ВИДЕО)
Чернихив е недалеку од границата со Белорусија. Се наоѓа на патот што ја поврзува Белорусија со украинскиот главен град Киев. Целосно е опколен, а жителите кои не можат да избегаат мора, покрај руското гранатирање, да преживеат и без струја и вода за пиење.
Четири ракети го погодија Лавов во западна Украина, во најжестокиот досега напад врз градот од почетокот на окупацијата. Две од ракетите погодиле складиште за гориво, а две воена фабрика. Пет лица се повредени изјави градоначалникот Максим Козициј. Еден маж, кој снимал една од ракетите како паѓа е уапсен поради сомнежи дека е руски шпион. Било откриено дека фотографиите тој ги пратил на два руски телефонски броеви.
❗️As a result of a missile attack on Lviv, a fuel storage facility is on fire. Housing infrastructure was not affected,
– the mayor of Sadovaya#Ukraine #Russia #TPYXA pic.twitter.com/baMP0Mjx8N— ТРУХА⚡️English (@TpyxaNews) March 26, 2022
Чернихив може да стане новиот Мариупол
Чернихив, град во северна Украина, е опколен од страна на руските сили. Градоначалникот утринава изјави дека во градот има 44 тешко повредени, од кои три деца, кои не може да се евакуираат.
Скај њуз објави дека растат стравувањата дека Чернихив, кој се спротивставува на руските напади уште од првите денови на инвазијата, може да стане новиот Мариупол.
Чернихив е недалеку од границата со Белорусија. Се наоѓа на патот што ја поврзува Белорусија со украинскиот главен град Киев. Целосно е опколен, а жителите кои не можат да избегаат мора, покрај руското гранатирање, да преживеат и без струја и вода за пиење.
#Lviv under attack
This afternoon Russians targeted the city of Lviv.
New blast was heard after I filmed those image.
Biggest and western city at the door of Europe, by striking Lviv Vladimir Poutine wants to show that Ukrainian won’t be safe nowhere in their country pic.twitter.com/syQ151Inui— Frederic Munsch (@frederic_munsch) March 26, 2022
Во Мариупол се умира од глад и жед
И ситуацијата во Мариупол сѐ уште е тешка, рече градоначалникот, а луѓето умираат од глад и дехидрација. Заменикот-градоначалник на опколениот украински град Мариупол, Сергеј Орлов, изјави дека луѓето почнуваат да умираат од глад и дехидрација, бидејќи резервите на храна и вода се при крај, а хуманитарната помош не е овозможена.
– Некои умираат од дехидрација и недостиг на храна. Некои умираат од недостиг на лекови, инсулин… Затоа што луѓето не можат да најдат медицинска помош – изјави Орлов за Би-Би-Си.
– Некои мајки немаат млеко и храна за своите деца. Што да прават со своите бебиња? Не знам. Во градот воопшто нема храна за децата – вели тој нагласувајќи дека 70 отсто од болниците во градот се „уништени во бомбардирањето“.
Жителите поголемиот дел од времето го поминуваат во засолништа или подруми без струја, вода или гас.
– Луѓето само бараат секоја можност да преживеат. Тие делат храна, вода, собираат дрва за огрев од улиците – рече Орлов.
Повеќе од 100.000 луѓе останаа блокирани во Мариупол, но вчера хуманитарните коридори беа успеашни, па околу 4.000 успеале да побегнат.
Ни педа на територијата на НАТО
Украинските министри Дмитро Кулеба и Олексеј Резников вчера во Полска се сретнаа со американскиот претседател Џо Бајден, кој од Варшава рече: „стоиме покрај Украина“, но испрати и остро предупредување до рускиот претседател Владимир Путин да не се осуди да стапне ни педа од територијата на НАТО, но и порака дека повеќе не може да остане на власт.
Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, веднаш реагираше на ваквата изјава нагласувајќи дека „тоа може да се случи. Тоа може да биде само избор на народот на Руската Федерација“.