ЧЕТИРИ ПОЖАРИ СЕ АКТИВНИ Гори во Чашка, Куманово, Студеничани и во Македонски Брод

75

На територијата на Македоја денеска се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои:
• 4 се активни,
• 2 се под контрола,
• 9 се изгаснати.

Активни пожари се во Општина Чашка, над село Богомила, во село Слупчане кумановско каде гори нискостеблеста шума, потоа во село Дречавица во општина Студеничани каде гори планински терен, додека во Македонски Брод во селото Грешница гори деградирана нискостеблеста шума.






Имаше активен пожар и во Желино, но тој е ставен под контрола, додека под контрола е ставен и пожарот во општина Долнени, во село Стровија.

Изгаснати пожари: 9
1. Општина Берово – Планина Готен кон Малешевските планини (бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Брвеница – село Милетино (запалени ниви)
3. Општина Струмица – село Доброшинци (депонија)
4. Општина Гевгелија – село Прдејци (деградирана ниска вегетација)
5. Општина Куманово – Стара Циглана (деградирана ниска вегетација)
6. Општина Крушево – Градски гробишта (деградирана ниска вегетација)
7. Општина Долнени – село Дебреште (депонија и нискостеблеста вегетација)
8. Општина Струга – село Долна Белица (деградирана ниска вегетација)
9. Општина Студеничани – мостот на Маркова Река (ниска вегетација)

Поврзани содржини