Четири пациенти во велешката болница ја загубија битката со ковид-19

Во велешката болница до вчера имало 80 хоспитализирани пациенти, што е најмногу од почетокот на пандемијата во Велес. 

410

На Инфективното одделение во велешката болница во изминатото деноноќие починале четири пациенти. Најмладиот од нив е 51 годишен велешанец, а останатите се на возраст од 70 и 89 години исто така од Велес и 68 годишен пациент од Св. Николе, објави порталот „Велес на дланка“ .

Во велешката болница до вчера имало 80 хоспитализирани пациенти, што е најмногу од почетокот на пандемијата во Велес.

 

 

Поврзани содржини