ЧЕТИРИ ОГНИШТА СЀ УШТЕ СЕ ЗАКАНА Евидентирани се 30 пожари, 19 се изгаснати, а седум под контрола

Македонија продолжува да се бори со 30 пожари на отворен простор, при што најголем дел се изгаснати, но четири пожари остануваат активни и бараат дополнителна интервенција.

94

Заклучно со 21 часот Македонија се евидентирани вкупно 30 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, четири пожари се активни, седум се под контрола, а 19 се целосно изгаснати.

Активни пожари се регистрирани во следните региони: во Василево, кај село Нивичино каде гори нискостеблеста шума; во Македонски Брод, кај село Грешница каде се зафатени мешана шума и ниска вегетација; во Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани каде исто така гори мешана шума и ниска вегетација; и во регионот Прилеп/Кавадарци, помеѓу селата Никодин, Ракле и Фариш каде гори ниска вегетација и ретка шума.






Пожарите кои се под контрола се лоцирани во: Велес, во селата Џидимирци, Крушје и Иванковци каде гори мешана нискостеблеста деградирана шума; во Дојран, кај село Николич со нискостеблеста шума; на градската депонија во Демир Хисар; во Македонски Брод, кај селата Црешнево, Локвица и Крапа каде гори дабова шума, грмушки и ниска вегетација; во Липково, кај село Ваксинце со ниска вегетација и стрниште; во Росоман, кај село Трстеник со напуштени ниви; и во Индустриската зона на Илинден каде гори ниска вегетација, слама и објект.

Изгаснати се пожарите во повеќе места ширум државата, меѓу кои Ранковце (Иваница, Десетак, Коп), Куманово (Четирце, Пчиња), Липково (Виштица), Старо Нагоричане (Стрновац), Кратово (Трновац), Јагуновце, Теарце (Доброште), Тетово (покрај патот Тетово–Гостивар), Свети Николе (Кантонче), Битола (населба Довлеџик), Карбинци (Долни Балван), Штип (градска депонија), Делчево (Стар Истевник), Аеродром (ул. Гаврил Константиновиќ), Гази Баба (стрелиште Камник) и Сарај, каде горела ниска вегетација и ѓубриште крај Вардар.

Противпожарните служби продолжуваат со интензивни активности за гаснење и ставање под контрола на активните пожари, а јавноста се повикува да ја почитува забраната за палење стрништа и да ја намали ризикот од нови пожари.

Поврзани содржини