Четири нови случаи на ковид-19, нема починати, во 15 градови нема коронавирус
Вкупната бројка на кови дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 228.
Во последните 24 часа се направени 2.514 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 11 оздравени пациенти и нема починати лица, информира Министерството за здравство.
Од новозаразените во Скопје се 3, Битола 1. Регистрирани се 11 оздравени пациенти од: Куманово 4, Скопје 3 и Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш по 1. Не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.514 тестови преку: ИЈЗ 169, ЦЈЗ Скопје- 36, ЦЈЗ Битола 63, ЦЈЗ Прилеп 7, ЦЈЗ Тетово 13, ЦЈЗ Куманово 43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 1, Судска медицина 1, лабораторија болница Козле 0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ „8 Септемвр“ 4, Институт за микробиологија 11, МАНУ 0, Жан Митрев 46, Авицена 174, Биотек 152, Систина 78, лабораторија Лаор 267, Синлаб 6, Ремедика 0, Плодност 47, Генеа 22, Никоб лаб 311, ВФВ Медикал 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 1.063.
Досега во земјата се направени вкупно 872.894 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на кови дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 228.
Дистрибуција по градови на заболени (вкупно) активни случаи (вкупно): Скопје 68.659, активни 88, Куманово 8.882, активни 24, Прилеп 8.327, активни 18, Тетово 7.248, активни 22, Битола 6.306, активни 8, Велес 5.473, активни 5, Гостивар 5.181, активни 7, Кавадарци 5.154, активни 1, Охрид 5.019, активни 17, Штип 4.961, активни 1, Струмица 4.119, активни 6, Струга 2.981, активни 0, Кочани 2.792, активни 1, Кичево 2.596, активни 16, Гевгелија 2.195, активни 0, Неготино 2.184, активни 0, Свети Николе 1.524, активни 1, Ресен 1.234, активни 0, Крива Паланка 1.227, активни 4, Радовиш 1.161, активни 0, Берово 1.029, активни 0, Делчево 973, активни 0, Дебар 942, активни 1, Виница 886, активни 2, Пробиштип 789, активни 0, Валандово 666, активни 0, Богданци 494, активни 0, Крушево 490, активни 0, Демир Хисар 400, активни 2, Демир Капија 396, активни 0, Кратово 377, активни 3, Македонски Брод 359, активни 1, Пехчево 268, активни 0, Македонска Каменица 249, активни 0, Дојран 132, активни 0.