ЧЕТИРИ НОВИ ГРАДИНКИ ВО КАРПОШ За Јакимовски недозволиво е цела бригада деца да бидат на листа на чекање

Прв приоритет треба да ни биде изградба на нови градинки во општина Карпош. Ниедно дете не смее да ни остане надвор од детската заштита, рече Јакимовски.

272

Кандидатот за градоначалник на ГРОМ за општина Карпош, Стевчо Јакимовски најави дека заштитата на најмладите ќе биде негов приоритет. Планирана е изградба на четири нови градинки и проширување на капацитетите на сите постоечки градинки се со цел да се обезбедат доволно места за сите деца кои во моментот се на листа на чекање, а станува збор за 800 деца од општина Карпош.

–  Во моментот преку 800 деца чекаат на упис во градинките во општина Карпош. Тоа е цела бригада и тоа е недозволиво. Прв приоритет треба да ни биде изградба на нови градинки во општина Карпош. Планирани се четири нови градинки, меѓу кои една во Средно Нерези. Сметам дека исто така треба во сите градинки да се додадат по 2-3 занимални за во најбрз временски период да ги сместиме сите деца. Ниедно дете не смее да ни остане надвор од детската заштита – рече Јакимовски.

Поврзани содржини