ЧЕТИРИ НЕПАЛКИ МУ ПОБЕГНАЛЕ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦ Во Македонија пристигнале да работат во фирма од Прилеп, полицијата трага по нив
Прилепчанец вчера пријавил во полиција дека четирите работнички од Непал кои работеле во неговата фирма не се вратиле во куќата во која престојувале.
„На 07.04.2024 во 21.57 часот во Полициската станица Прилеп, Д.Н. пријавил дека четири државјанки на Непал, Л.С.(29), Б.К.П.М.(26), С.С.М.Т.(29) и С.Р.М.(29), кои биле во работен однос со склучен договор во неговата фирма, од околу 19.00 часот на 06.04.2024 не се вратиле во куќата во која престојувале со во Прилеп“, пишува во соопштението од МВР.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.