ЧЕТИРИ НАМИРНИЦИ ШТО ЌЕ ВЕ ДРЖАТ СИТИ ПОДОЛГО ОД ЈАЈЦАТА Прочитајте која храна ја поттикнува ситоста
Исхраната богата со незаситени масти, како што се омега-3 масните киселини, може да ви помогне да се чувствувате сити подолго време.
Јајцата се хранливи намирници бидејќи се богати со протеини и масти. Едно јајце со средна големина содржи околу шест грама протеини и пет грама масти. Сепак, многу други намирници можат да бидат исто толку заситни и да понудат дополнителни хранливи материи.
Темпе
Темпе се прави од ферментирана соја. Богата е со протеини и масти. Во просек, 100 грама варено темпе содржи околу 20 грама протеини и 11 грама масти.
Студија од 2015 година покажала дека консумирањето производи од соја со висока содржина на протеини може да го подобри чувството на ситост и да го намали апетитот.
Ферментираната храна исто така може да помогне во контролата на апетитот. Таа ги храни корисните бактерии во цревата, што може да го намали чувството на глад и да го зголеми чувството на ситост.
Сардини
Рибите како сардините се богати со протеини и омега-3 масни киселини. Една конзерва сардини (100 грама) содржи околу 22 грама протеини и 10 грама масти.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.