ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РАСКИНУВАЊЕТО СО ДАНИЕЛА МАРТИНОВИЌ Петар Грашо е во врска со ќерката на Тончи Хуљиќ (ФОТО)

Хана е 14 години помлада од познатиот хрватски пејач.

7,599

По раскинувањето на долгогодишната врска со пејачката Даниела Мартиновиќ, Петар Грашо стапи во врска со ќерката на хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ, 14 години помладата Хана, пишуваат хрватските медиуми.

Како што се шпекулираше веќе некое време и како што наводно беше потврдено за хрватските медиуми од извор близок до Грашо, романсата меѓу двајцата трае веќе извесно време, а Хана го придружувала Грашо на повеќето настапи. Пејачот неодамна објави снимка од најавата за еден концерт, а во очилата се гледа одраз на женска личност слична на Хана.






Во 2016 година, Хана и Петар соработуваа на песната „Срце за водич“, а Грашо е многу близок со нејзините родители.

Семејствата Грашо и Хуљиќ се многу блиски, а пејачот и 31-годишната Хана се познаваат практично од нејзиното детство.

Петар Грашо беше во долга врска со Даниела Мартиновиќ, а на почеокот на мај медиумите ширум регионот ја пренесоа веста за раскинувањето на нивната 24-годишна врска.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини