ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА НА ТОКСИКОЛОГИЈА ПО ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО Алиу ќе информира за состојбата на повредените
Портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција рече дека четири лица се здравствено згрижени, но дека нема повеќе информации за нивната состојба.
Две лица се хоспитализирани и две се амбулантски згрижени на Клиниката за токсикологија како последица од пожарот во складиштето за рециклирање електронски отпад во Трубарево.
Портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција рече дека четири лица се здравствено згрижени, но дека нема повеќе информации за нивната состојба.
За тоа поопширно, рече, ќе соопшти министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во 13.00 часот, заедно со директорот на Токсикологија, д-р Арѓенд Имери.