Четири лица починаа, а 37 се новозаболени во изминатото деноноќие

1,064

Четири лица починаа, а 37 се новозаболени, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрираните 37 нови случаи на ковид-19 се во: Скопје 20, Куманово 3, Штип 1, Тетово 3, Струга 2, Велес 1, Охрид 2, Гостивар 2, Крива Паланка 1, Кочани 2.






Починати се 4 лица, пациент од Виница (57), двајца пациенти од Охрид (77 и 57) и еден од Струга (74). Од нив тројца се починати во болнички услови, а еден во вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.827,  бројката на оздравени пациенти е 13.315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.860. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 6326, активни 540

Куманово 1605, активни 190

Дебар 268, активни 35

Штип 1205, активни 72

Прилеп 562, активни 133

Тетово 1304, активни 117

Струга 627, активни 63

Велес 288, активни 18

Битола 245, активни 47

Охрид 395, активни 58

Кавадарци 202, активни 30

Гостивар 856, активни 93

Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странскидржавјани)

Струмица 103, активни 44

Крива Паланка 83, активни 38

Радовиш 52, активни 9

Крушево 18, активни 2

Кочани 189, активни 53

Пробиштип 95, активни 18

Демир Хисар 60, активни 1

Македонски Брод 84, активни 12

Пехчево 42, активни 27

Берово 73, активни 30

Валандово 11, активни 3

Виница 94, активни 29

Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

Кратово 24, активни 5

Свети Николе 309, активни 19

Кичево 290, активни 29

Ресен 153, активни 6

Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 464 теста се преку: ИЈЗ – 182, ЦЈЗ Скопје – 22, Клиника „Жан Митрев“ 128, Систина со PCR метода 113, Инфективна клиника 10, ГАК 9. Досега во земјата се направени вкупно 166.356 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се три, а вкупно хоспитализирани се 26 пациенти. На респираторна машина се двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 53

Гази Баба – 73

Аеродром – 91

Карпош – 67

Центар – 71

Кисела Вода – 56

Ѓорче Петров – 22

Бутел – 37

Шуто Оризари – 12

Студеничани – 10

Сарај – 17

Арачиново – 9

Илинден – 10

Сопиште – 2

Чучер Сандево – 2

Петровец – 4

Зелениково – 1

Странец – 3

Нераспределен-0

 

 

Поврзани содржини