🎥 ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОД РУСКАТА ИНВАЗИЈА КАКО ДЕНЕСКА ИЗГЛЕДА ГРАДОТ БАХМУТ ВО УКРАИНА Новинар роден во Донецк сподели најново видео

За три дена се навршуваат четири години од  руската инвазија на Украина која почна на  24 февруари 2022 година.

1

Украинскиот новинар и коментатор Денис Казански на платформата X објави видео од Бахмут во регионот Донецк, на кое се гледа градот речиси целосно уништен.

„Бахмут, Донецка област. Ова е сè што остана од градот по пристигнувањето на руската армија. Не знам каков луд манијак би го сметал сето ова за „помош за луѓето од Донбас“, напиша Казански покрај видеото, коментирајќи ја изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дадена почетокот на целосната инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.






Видеото, може да се претпостави, дека е  направено неодамна.

Битката за Бахмут траеше со месеци и беше една од најкрвавите во војната.

Денис Казански е роден во Донецк и е еден од најпознатите украински новинари и коментатори кои се занимаваат со темите на војната во Донбас.

За три дена се навршуваат четири години од  руската инвазија на Украина која почна на  24 февруари 2022 година.

Според проценките, во војната загинаа повеќе од 1,2 милиони мртви и ранети, со постојан раст на тој број.

Поврзани содржини