ЧЕТИРИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ШВЕДСКИ ГРАДОВИ Криминалните банди не им даваат мир на Швеѓани

Во 2022 година, според полициските податоци, во Шведска имало 90 експлозии и 101 случај на обиди за бомбашки напади или подготовки за бомбашки напади. До 15 август годинава се регистрирани 109 експлозии.

674

Четири експлозии во рок од еден час одекнале низ Шведска, каде е зголемено насилството поврзано со нарко-бандите, а на терен биле повикани пиротехничари, соопшти шведската полиција.

На местото на настанот била повикана и националната екипа за бомби. Полицијата соопшти и дека нема извештаи за повредени, само материјална штета.






Сите четири експлозии биле на станбени згради.

Експерти за бомби се повикани откако шведскi градови беа потресени од четири експлозии за еден час, соопшти полицијата, во момент кога земјата се бори да го заузда порастот на насилството поврзано со бандите.

Нешто по 1 часот по локално време (полноќ БСТ), полицијата во Гетеборг примила извештаи за две експлозии на одвоени адреси, со временска разлика од 10 минути.

Двете локации се опколени и техничките истраги се во тек“, соопшти полицијата, додавајќи дека на местото на настанот била повикана националната екипа за бомби. Нема извештаи за повредени, само материјална штета“, соопшти полицијата.

Еден час подоцна беа пријавени уште две експлозии во рок од неколку минути – едната во Норсборг, предградие јужно од Стокхолм, а другата во Никопинг, на околу 62 милји (100 километри) јужно од главниот град.

Во двата случаи, полицијата соопшти дека никој не е повреден. Сите четири експлозии биле во станбени згради.

Шведска е постојано вознемирувана од пресметки со огнено оружје и бомбашките напади во последниве години, бидејќи бандите се пресметуваат за контрола на трговијата со дрога.

Полицијата во Гетеборг изјави за агенцијата Франс-прес дека е премногу рано да се шпекулира за мотивот за двете експлозии во градот.

Во 2022 година, според полициските податоци, во Шведска имало 90 експлозии и 101 случај на обиди за бомбашки напади или подготовки за бомбашки напади. До 15 август годинава се регистрирани 109 експлозии.

Полицијата претходно соопшти дека бомбите главно се користат за заплашување, додека во оружените пресметки најчесто меѓусебно се ликвидираат непријателите.

Според полициските податоци, земјата регистрирала 391 пукање во 2022 година, од кои 62 биле фатални, за разлика од 45 во претходната година.

Поврзани содржини