ЧЕТИРИ ДЕНА ПРЕД СВАДБАТА Принцот Хари ги објави пораките на Кејт поради кои Меган плачела
Принцот Хари ги објави СМС-пораките кои Кејт Мидлтон и Меган Маркл си ги испраќале околу неславните фустани за деверуши.
Принцот Хари ги објави СМС-пораките кои Кејт Мидлтон и Меган Маркл си ги испраќале околу неславните фустани за деверуши. Во своите мемоари „Резерва“, војводата од Сасекс детално раскажал за кавгата помеѓу неговата тогашна свршеница и снаата околу фустанот на принцезата Шарлот, кој „не бил добро сошиен“.
„Фустанот на Шарлот е преголем, предолг, премногу вреќест. Таа плачеше кога го проба дома“, напишала принцезата Кејт во СМС порака до Меган, наведува Хари.
„Добро, и ти реков дека кројачот е спремен од 8 часот наутро. Тука. Во КП. Можеш ли да ја однесеш Шарлот на исправки, како што тоа го прават и другите мајки“, напишала Меган на Кејт во пораката.
Наместо да се согласи на измени, Кејт наводно барала „сите фустани повторно да се сошијат“ и рекла дека дури разговарала за ова прашање со нејзиниот дизајнер на венчавката, кој се согласил со неа. Меган наводно ја прашала Кејт дали е свесна за драмата околу нејзиниот татко Томас Маркл, а Кејт ѝ одговорила дека е свесна, но дека венчавката е за четири дена и дека фустаните не се добри.
„Не сум сигурна што друго да кажам. Ако фустанот не одговара, донеси ја Шарлот. Кројачот чека цел ден“, напишала Меган, а Кејт конечно се согласила со неа.
Хари пишува дека по пораките Меган плачела на подот во нивната куќа.