ЧЕТИРИ ДЕНА ПЕКОЛ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ШПАНСКИОТ ГРАД ТОРЕ ПАЧЕКО Жестоки судири меѓу Шпанците и Мароканците

Торе Пачеко, земјоделски град во југоисточна Шпанија, е дом на луѓе од дури 98 земји, а една третина од неговите жители се родени надвор од земјата. Многумина се деца на северноафрикански мигранти кои целиот свој живот го поминале во Шпанија.

2,236

Насилни судири меѓу локалните Шпанци и Мароканците траат веќе четири дена во шпанскиот град Торе Пачеко.

Нападите започнаа откако млади Мароканци го претепаа и ограбија 68-годишниот Доминго Томас Домингез на 11 јули, што предизвика гнев и ескалација на меѓуетничките тензии, особено во населбата Сан Антонио каде што живеат повеќето Мароканци, објавува Ел Паис.






Полицијата го уапси водачот на антиимигрантската група, идентификувана како C.L.F, која повикуваше на насилство и ширеше говор на омраза преку Телеграм под името на движењето „Депортирајте ги сега“. Досега се уапсени вкупно 14 лица.

Судирите на улиците вклучуваат напади од десничарски групи врз жители со потекло од Магреб.

Сопственикот на ќебапчилница од мароканско потекло, кој работи повеќе од десет години, изјави дека бил нападнат од околу педесет луѓе со бејзбол палки и солзавец.

Локалните жители од ромско (Хитано) потекло, исто така, учествувале во насилството. Пејачот Питинго го поддржал „својот народ“ и тврдел дека самиот се борел против северноафриканските напаѓачи во Барселона, додека други од заедницата Хитано го осудија насилството.

Торе Пачеко, земјоделски град во југоисточна Шпанија, е дом на луѓе од дури 98 земји, а една третина од неговите жители се родени надвор од земјата. Многумина се деца на северноафрикански мигранти кои целиот свој живот го поминале во Шпанија.

Жителите се поделени – постарите мирно ги коментираат настаните, додека помладите се подготвуваат за нови напади.

Поврзани содржини