Четири авиони од ЕУ на помош за пожарите во Сардинија

Пожарите зафатија површина над 4.000 хектари во западниот дел од островот и евакуирани се над 400 луѓе.

185

Европската унија испраќа четири авиони за борба со пожари на Сардинија како одговор на барањето на Италија за помош во справување со огнена стихија што зафати голем дел од островот. Два  авиона Канадери биле доставени од Франција, а другите два од Грција, соопшти Комисијата.

Во гаснењето досега се вклучени седум такви авиони, соопшти италијанската служба за цивилна заштита. Пожарите зафатија површина над 4.000 хектари во западниот дел од островот и евакуирани се над 400 луѓе.

Поврзани содржини