ЧЕСТИТКИ ДО ВМРО-ДПМНЕ, ОСОБЕНО ЗА КИЧЕВО Костадинов проговори за реформите и иднината на СДСМ

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, по изборниот пораз на СДСМ, повикува на реформи, ребрендирање и зајакнување на улогата на партијата во опозицијата.

1,374

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, се огласи на социјалните мрежи по завршувањето на вториот круг од локалните избори, коментирајќи ги резултатите и иднината на СДСМ.

– Да, СДСМ изгуби. Честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ и секако за демократскиот капацитет на нацијата, секаде, но особено во Кичево – напиша Костадинов.






Тој нагласи дека, и покрај поразот, партијата не е целосно изгасната и има потенцијал за реформи и ребрендирање.

– СДСМ може и мора да помине низ сериозен филтер, да се реформира и да се ребрендира, што ќе ѝ овозможи да остане втората најсилна партија во Македонија – додаде Костадинов.

Според него, фокусот на партијата не треба да биде само на брзо менување на власта, туку на зајакнување на улогата во рамките на опозицијата.

– СДСМ мора да биде отворена за сите и да создаде платформа во која ќе се најдат што поголем број на помали групи, па дури потоа да стреми кон нешто повеќе. Време е за длабински анализи, тешки промени, тешки одлуки, дебати и многу, многу работа – изјави Костадинов.

На крајот, тој им честиташе на сите учесници на изборите, како на победниците кои ќе бидат градоначалници, така и на оние кои ќе седнат во советите на градовите.

Поврзани содржини