Чески: Загубивме речиси се во шест недели, а ни требаа 12 години да го изградиме Airbnb

Тој изјави дека „Airbnb“ се соочува со неизвесна иднина со оглед на постојаниот страв од коронавирусот кој ескалираше, а последиците ги почувствувале луѓето ширум светот.

495

Можете да поминете децении во градењето на својот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија од непознат вирус.

Токму тоа му се случи на Брајан Чески, директорот на „Airbnb“.






– Ни требаа 12 години да го изградиме „Airbnb“, а изгубивме скоро сè за четири до шест недели – изјави тој во интервјуто за „CNBC“.

Тој изјави дека „Airbnb“ се соочува со неизвесна иднина со оглед на постојаниот страв од коронавирусот кој ескалираше, а последиците ги почувствувале луѓето ширум светот.

– Туризмот како што го познаваме е завршен. Не сакам да кажам дека нема да има повеќе патувања, но моделот на патување кој го знаеме „почина“ и нема да се врати – вели Чески, објаснувајќи дека сега е многу полесно да се влезе во автомобил и да се оди до најблиското место за одмор.

Директорот на „Airbnb“ изјави и дека во САД полека се опоравуваат, но дека тој не сака во себе да си всади лажна надеж за тоа дека излегле од проблемот.

Поврзани содржини