ЧЕШКИОТ ПРЕМИЕР ПОВТОРНО НА СУД Овој пат го тужи неговиот син
Јас бев жртва на криминални дела и татко ми треба да одговара за она што се осмели да ми го направи, рекол Бабиш јуниор.
Андреј Бабиш јуниор, синот на чешкиот премиер Андреј Бабиш, вели дека е „решен да поднесе кривична пријава против неговиот татко“.
– Јас бев жртва на криминални дела и татко ми треба да одговара за она што се осмели да ми го направи – рекол Бабиш јуниор за весникот „Deník N“, пренесува порталот „Euractiv“.
Бабиш јуниор го обвинува неговиот татко дека го вовлекол во случај за наводна злоупотреба на фондовите на Европската унија, само еден месец пред парламентарните избори во Чешка.
Тој, исто така, вели дека бил задржан на Крим против неговата волја со цел да биде спречен да сведочи во овој случај.
Премиерот ги отфрла обвинувањата, нарекувајќи го неговиот син ментално болен.
Чешката полиција го испитуваше Бабиш јуниор во четвртокот во пет часот. Тој приложи експертско мислење во кое се наведува дека нема проблеми со менталното здравје.
Чешкиот премиер е осомничен дека незаконски стекнал два милиони евра од фондовите на ЕУ за конференциски центар наречен „Фарма на штркови“.
Во јуни 2021 година, полициските инспектори препорачаа да се поднесе кривична пријава против него, но државниот обвинител го врати случајот во полиција за понатамошна истрага, така што случајот остана отворен.
Бабиш продолжува да негира какви било криминални дела.
AKO SA CÍTIŠ, OTEC❓ pic.twitter.com/xR5KjeUTqF
— Andrej Babiš Jr (@andrejbabisjr) September 2, 2021