ЧЕШКАТА ТЕНИСЕРКА ОБЈАВИ СРЕЌНА ВЕСТ Квитова објави веридба со својот тренер

409

Двократната освојувачка на Вимблдон, чешката тенисерка Петра Квитова, денеска на социјалните мрежи објави веридба со својот тренер Јиржи Ванек во Лондон.

„Сакаме со сите да споделиме една добра вест … Реков „да“ на моето фетиш место“, напиша на Твитер моментно 21-рангираната тенисерка на ВТА листата, коментирајќи ја заедничката фотографија со својот вереник снимена на „Ол Енгланд Клуб“ во Англија.






Квитова (32), која го освојуваше Вимблдон во 2011 и 2014 година, соработува со 12 години повозрасниот Ванек од 2016 година.

Чешката тенисерка загуби во неделата во финалето на ВТА турнирот во Синсинати од Французинката Каролин Гарсија.

Поврзани содржини