Чешка на чекор до воведување највисоко ниво на епидемиолошка закана

Епидемиолошката состојба во Чешка се влошува и мора да одговориме на тоа. Веројатно постојните ограничувања ќе бидат засилени - рече Хамчек.

434

Чешката Влада утре ќе разгледува преминување на највисоко ниво на опасност од епидемијата, што би овозможило воведување ограничувања на движењето и затворање на несуштинските продавници, изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамчек.

Според него, ќе се разгледа преминот од четвртиот во петтиот, највисок степен на епидемиолошка закана, што ќе овозможи напуштање на куќата да биде дозволено само за итни потреби.






– Епидемиолошката состојба во Чешка се влошува и мора да одговориме на тоа. Веројатно постојните ограничувања ќе бидат засилени – рече Хамчек.

Во Чешка од петокот се затворени музеи, фитнес центри, спортски објекти и спортски сали, а рестораните можат да продаваат храна само преку шалтер.

Досега во таа земја со коронавирус биле заразени 618.836 лица, а починаа 10.271.

Поврзани содржини