Червар по поразот од Данска: Ова не е неуспех, туку реалност

808

Хрватска го доживеа еден од најголемите порази во својата ракометна историја, откако во меч кој мораа да го добијат за четврт-финале, загубија со 12 гола разлика (38:26) од Данска, но селекторот во заминување, Лино Червар вели дека не се работи за некаков неуспех, туку за реална состојба во репрезентацијата.

– Во првото полувреме игравме добро, одбраната не беше толку силна, но издржавме. Потоа ни недостасуваше сила и не одеше. Честитки за момците, се трудеа и тие кои играа помалку, но Данска беше едноставно подобра. Ова не е неуспех, туку е реална состојба – рече Червар.

Поврзани содржини