„ЧЕРЕПОТ“ НЕ ГО ЗНАМ Груби тврди дека за „Бехтел и Енка“ се платени 0 денари за пенали

Тој вели дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои и сега сакаат да гласаат за уставни измени, но се под притисок од раководството. 

758

ВМРО-ДПМНЕ дала мнонопол на една компанија да организира игри на среќа за 15 години, сега државата со удел од 51% ќе ги контролира трите фирми за интернет игри на среќа, а парите од даноците ќе останат дома наместо да одат на сметки во странство. „Черепот“ не го знам, очигледно ВМРО-ДПМНЕ добро го познаваат што постојано зборуваат за него, а ние само сакаме дистанца од половина километар на казината, рече Артан Груби во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Тој посочи дека е само прв вицепремиер кој тој ден претседавал со таа владина седница кога била донесена одлука како и многу други.






– Не знам кому му пречи повеќе контрола во казината и во кладилниците – рече Груби.

Првиот вицепремиер тврди дека 0 денари се платени пенали за „Бехтел и Енка“.

– Брутална лага и пропаганда имаше за најголемата инвестиција и се за дневно политичко профитерство –  одговори Груби на обвинувањата на опозицијата дека се платени пенали за иградбата на коридорите.

Доколку не се усвојат уставните измени парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин и ќе се примени одлуката за 100 дена Албанец премиер, а кој ќе биде таков премиер ќе одлучи лидерот на ДУИ Али Ахмети, чии одлуки се најдобри за граѓаните што е докажано многупати досега, порача првиот вицепремиер Артан Груби.

Груби во интервју за ТВ Канал 5 нагласи дека најдоброто нешто за земјава во овој момент е премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека не е точно оти ДУИ ги држи „сите конци“ во Владата.

– Димитар Ковачевски во овој момент е најдоброто нешто за оваа држава, нема никакви предрасуди и сметам дека би бил многу добар да ја повлече Република Северна Македонија кон Брисел – посочи Груби.

За Бугарија рече дека може да има нови барања за земјава во пристапниот процес само во однос на преговарачката рамка, но не и по основ на историјата.

Груби нагласи дека во ДУИ имаат црвени линии за коалицирање со оние што не го почитуваат Охридскиот рамковен договор и што се против евроатлансктие интеграции на земјава. Не ја исклучува можноста да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ доколку ги прифатат уставните измени пред изборите или веднаш по изборите.

– Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе ги гласаат уставните измени по изборите, но ниту еден од нашите стратешки партнери не верува во тоа. Да бидам брутално искрен освен нас никој од стратешките партнери не верува дека доколку има избори ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставни изменим- рече Груби.

За поранешниот премиер Никола Груевски тој вели дека може да се врати во земјава само за да одлежи затвор и додава дека не го познава многу и немал многу контакти со него.

– Никогаш во животот не сум бил во Будимпешта и не сум се сретнал таму со Груевски. Никакви УСБ-иња од него не добиле Ахмети и Џафери и измените на Кривичниот законик не се по негов диктат. Ако се по негов диктат веќе се донесени и стапени на сила и зошто не доаѓа во земјава. Новите законски измени нема да го спасат од затвор зашто против него се водеа повеќе постапки – рече Груби.

 

Тој вели дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои и сега сакаат да гласаат за уставни измени, но се под притисок од раководството.

Поврзани содржини
na