Чепреганов за ТВ24: Ние сме жртви на тие 20 проценти кои не ги почитуваат мерките
Тој истакна дека 80 проценти од граѓаните ги почитуваат препораките, а 20 проценти не ги почитуваат.
Ние сме жртви на тие 20 отсто од вкупното население кои не се однесуваат дисциплинирано и го загрозуваат сопственото и здравјето на останатите, рече познатиот невропсихијатар Методи Чепреганов во отвореното студио на ТВ24.
Тој истакна дека 80 проценти од граѓаните ги почитуваат препораките, а 20 проценти не ги почитуваат.
– Тие 20 проценти не ги почитуваат мерките поради менталниот склоп. Ние сме жртви на тие 20 проценти кои се однесуваат неодговорно и го загрозуваат сопственото и туѓото здравје. Суетата и инаетот со себе носат експресија кон надвор и сејат завист, љубомора и злоба, а со такви луѓе не може да се разговара – рече Чепреганов.