ЧЕНДЛЕР ДОБИ НОВА ШАНСА ЗА ЖИВОТ Сопственикот го остави да умре, но тој сега си игра и им се радува на вработените во „Лајка“

Кучињата никогаш нема да ја заборават вашата добрина, да покажеме љубов, добрина и љубезност, како што ни ја покажуваат и даваат тие на нас. Чендлер веќе е многу подобро, а во текот на наредната недела ќе биде објавен за вдомување – соопштија од „Лајка“.

1,388

Пред два дена беше оставен да умре на врвот на една фабрика без вода и храна, а откако тимот на „Лајка“ го спаси германскиот овчар сега е во многу добра состојба

Од ЈП „Лајка“ соопштија дека го нарекле Чендлер, по ликот што го толкуваше Метју Пери во серијата „Пријатели“, бидејќи со неговиот темперамент наликува токму на актерот.






„Ново име, нова шанса за подобар живот. Чендлер најмногу му се радува и сака да игра со Зоран, бидејќи тој и го спаси од напуштената фабрика и му пружи прва помош. Кучињата никогаш нема да ја заборават вашата добрина, да покажеме љубов, добрина и љубезност, како што ни ја покажуваат и даваат тие на нас. Чендлер веќе е многу подобро, а во текот на наредната недела ќе биде објавен за вдомување – соопштија од „Лајка“.

Инаку тажната приказната на Чендлер создаде многу реакции на социјалните мрежи. Тој првично бил пријавен од граѓани дека веќе подолго време е на јавен простор и напуштен. На 18 октомври, кучето било заловено од заловувачките екипи во општина Аеродром.

„По стандардна проверка се воспостави дека кучето има микрочип, а неговиот сопственик веднаш беше контактиран. Наредниот ден на 19.10.2023 кучето беше преземено од неговиот сопственик, кој си плати за заловување на кучето, согласно правилникот за работа на ЈП Лајка“, соопштија од претпријатието.

Минатата недела повторно имало пријава од граѓани дека има напуштено и заробено куче во напуштена фабрика во населба Автокоманда.

„Нашите екипи веднаш постапија по пријавата. Кога пристигнаа на посочената локација, го најдоа истиот германски овчар, напуштен и врзан во напуштената фабрика. Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и самото влезе во нашето комбе“, изјавија од ЈП „Лајка“.

ОСТАРЕЛО ПА ГО ВРЗАЛЕ ДА УМРЕ БЕЗ ХРАНА И ВОДА! Тажната приказна за едно куче кое било напуштено од сопственикот

Поврзани содржини