ЧЕЛЗИ ГОДИНАВА ЗАГУБИЛ 182 МИЛИОНИ ЕВРА Пандемијата ги испразни стадионите

Од клубот Челзи прецизираа дека загубите во најголем дел се предизвикани од намалување на профитот од продажбата на играчи, но и поради неостварениот приход на денот на одигрување на натпреварите, откако на навивачите им беше забранет влез на стадионите поради пандемијата на коронавирус.

280

Актуелниот европски фудбалски шампион Челзи забележа загуба од 182 милиони евра во изминатата финансиска година која заврши на 30 јуни, објави вечерва премиерлигашот од Лондон.

Од клубот Челзи прецизираа дека загубите во најголем дел се предизвикани од намалување на профитот од продажбата на играчи, но и поради неостварениот приход на денот на одигрување на натпреварите, откако на навивачите им беше забранет влез на стадионите поради пандемијата на коронавирус.






Лани, пред да почне пандемијата, Челзи остварил добивка од 47 милиони евра.

Вкупниот промет, како што соопшти европскиот првак, е зголемен од 486 на 518 милиони евра поттикнат од успехот во Лигата на шампиони. Меѓутоа, влијанието на пандемијата резултираше со минус од 182 милиони евра.

Поврзани содржини