ЧЕЛИЧАРНИЦИТЕ ПОД ЛУПА Воведен механизмот за прилагодување на границите на јаглеродот

Договорот ќе го подложи увозот во неколку сектори – како челик, алуминиум, цемент и вештачко ѓубриво – на еколошките стандарди на ЕУ,

51

Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ денеска соопштија дека усвоиле механизам што ќе го стави индустрискиот увоз на регионалниот блок под еколошки стандарди.

Познат како „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот” (Carbon Border Adjustment Mechanism), договорот ќе го подложи увозот во неколку сектори – како челик, алуминиум, цемент и вештачко ѓубриво – на еколошките стандарди на ЕУ, се вели во одделни соопштенија на Европскиот совет и на Парламентот.






Компаниите што ги увезуваат тие стоки во ЕУ ќе мора да купат сертификати за покривање на емисиите на CO2 „вградени“ во тие производи. Шемата е дизајнирана така што за компаниите во странство важат истиот трошок за CO2 како и за домашните индустрии – од кои последните се веќе обврзани да купуваат дозволи на пазарите за јаглерод во ЕУ за загадувањето што го испуштаат.

Целта на давачката е да се спречи поткопувањето на европската индустрија со увоз на поевтини стоки произведени во земји со лабави еколошки регулативи. Ќе се применува и на увезениот водород, кој не беше вклучен во првичниот предлог на ЕУ, а за кој законодавците на ЕУ се бореа во преговорите.

Моментално, ЕУ  на домашната индустријаѝ дава  бесплатни дозволи за CO2 за да ја заштити од странска конкуренција, но планира постепено да ги укине бесплатните дозволи со постепено воведување тарифи за CO2, за да се усогласат со правилата на Светската трговска организација.

Поврзани содржини